Büşra Nur Bilgiç
29 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
АНКАРА
Најмалку 2.244 нелегални мигранти беа фатени во Турција во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (АА).
Во неколку операции извршени од жандармериските сили во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија, фатени се најмалку 838 мигранти.
Во северозападните области Киркларели и Текирдаг, жандармериските сили фатија вкупно 130 мигранти.
Во источните области Ван и Сирт, полицијата и жандармерските сили фатија вкупно 83 мигранти.
Во крајбрежните области Чанаккале, Баликешир, Ајдин, Измир и Мугла, турската Крајбрежна гарда и жандармериските сили фатија 878 мигранти кои се обидувале да преминат во Европа преку Грција.
Полицијата и жандармериските сили во јужната област Адана, исто така, фатија околу 169 нелегални мигранти.
Пограничните сили во јужната област Хатај фатија 140 мигранти, кои наводно влегле во Турција од Сирија на нелегален начин.
Вкупно шест мигранти се задржани од полицијата во Чанкири.
Меѓу мигрантите има лица од Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Авганистан, Египет, Бангладеш, Сенегал, Централна Африка, Алжир, Мароко, Тунис, Сомалија, Либија, Того, Камерун и Палестина.
Сите мигранти што беа фатени во текот на минатата година беа згрижени или во болница или беа префрлени во канцелариите за миграција во областите.
„Во 2018 година, околу 268.000 нелегални мигранти беа фатени во Турција“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи.
„Оваа година досега најмалку 165.000 нелегални мигранти беа задржани низ Турција“, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Турција е главна рута за нелегалните мигранти, кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година наваму, кога започна граѓанската војна во Сирија.