Tezcan Ekizler
29 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ИЗМИР
Претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, истакна дека курбанско месо ќе биде доставено до 4,5 милиони луѓе во вкупно 51 земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Киник ги запозна претставниците на медиумите со активностите пред Курбан бајрам на турската Црвена полумесечина, во областа Кемалпаша во Измир.
Истакнувајќи дека Курбан бајрам значи зближување и споделување, Киник рече дека курбанските животни се колат под контрола на Генералниот директорат за контрола на храна при Министерството за земјоделство и шумарство на Турција и под надзор на ветеринари, религиозни службеници, претставници на турската Црвена полумесечина придружени од нотар и со исламски процедури.
Нагласувајќи дека курбанското месо од Турција ќе се приготвува и ќе се става во конзерви, Киник рече: „Во претходните години месото конзервирано од 800 грама го доставувавме до лицата кои имаат потреба. Оваа година за прв пат ќе бидат доставени во 5 и 10-килограмски конзерви“.
- Во Турција ќе бидат доставени 130 тони курбанско месо
Киник, истакнувајќи дека рокот на траење на конзервираното месо изнесува 18 месеци, рече дека во текот на бајрамските денови во Турција ќе бидат доставени 130 тони месо.
Тој, нагласувајќи дека турската Црвена полумесечина повторно има многу значајна активност од светски рамки, истакна:
„Во рамките на кампањата, оваа година како турска Црвена полумесечина целта ни е да доставиме курбанско месо на 4,5 милиони луѓе во вкупно 51 земја, од кои 2,5 милиони луѓе ќе бидат од Турција. Курбанската кампања на турската Црвена полумесечина ќе продолжи до Курбан бајрам. Цената на курбанот во Турција изнесува 850 лири (150 долари). Во странство 725 лири (околу 130 долари). Преку веб-страницата на турската Црвена полумесечина има можности за плаќање и на 4 рати“, рече претседателот на турската Црвена полумесечина, Киник.