Cansu Dikme
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу телефонски разговараше за актуелната ситуација во Сирија со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван дипломатски извор за АА изјави дека Чавушоглу и Тилерсон разговарале за Конгресот за сириски национален дијалог кој во изминатите два дена беше одржан во рускиот град Сочи.
Истиот извор јавува дека шефовите на турската и американска дипломатија исто така разговарале за операцијата „Маслинова гранка“, која турските сили ја спроведуваат на северозападниот дел на Сирија и за ситуацијата во Ирак.