Buket Güven
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турција испрати медицинска помош за Казахстан, што ќе биде користена во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција на својот твитер-профил напиша: „Материјалите за медицинска помош, што ќе бидат користени во борбата против Ковид-19, подготвени од нашето министерство по инструкции на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се испратени во Казахстан.“
Инаку, Турција има испратено медицинска помош за борба против вирусот Ковид-19 до над 60 земји во светот меѓу кои се и САД, Шпанија, Италија, Северна Македонија, Велика Британија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Сомалија и други.