Abdullah Söylemez
03 Февруари 2022•Ажурирај: 05 Февруари 2022
АГРИ (AA)
- Абдула СОЈЛЕМЕЗ
Километарскиот долг кањон Мурат во турската област Дијадин, наречен „Долината Ихлара на истокот“, ги чека љубителите на природата покриена со снег, пишува Агенција Анадолија (АА).
Кањонот долг со километри, кој почнува од изворот на реката Мурат, една од најважните реки во регионот на Источна Анадолија, има карпи високи десетици метри во форма на скалила кои настанале како резултат на различни ерозии на падините.
Кањонот кој го привлекува вниманието на себе со водопадите, мостовите, реката Мурат и населбите изградени на карпите, добива поинаква убавина во зима кога е прекриен со снег.
Кањонот со својата долина нуди и можности за прошетки во природата, качување по мраз на водопадите со долги мразулци и планинарски активности на околните ридови и карпи.
- Често место за посета на оние кои сакаат да поминуваат време во природа
Кањонот, кој минатата година беше регистриран како „Природен локалитет - Квалификуван природен резерват“ од страна на Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени на Турција, е честа дестинација за оние на кои им здодеала градската врева и кои сакаат да го поминуваат времето во природа.
Во регионот, каде што ефектот на зимата се чувствува околу шест месеци, кањонот побеле од снежна покривка.
Управителот на областа Дијадин и заменик-гувернер Алпер Балчи за Агенција Анадолија (AA) изјави дека оваа година за првпат ќе изведат искачување по мраз во кањонот.
Изјавувајќи дека ги завршиле подготовките и дека искачувањето ќе биде наскоро, Балчи го рече следното:
„Областа Дијадин има прекрасен кањон низ кој минува реката Мурат. Должината на кањонот кој има стрмни карпи изнесува околу 25 километри. Ова е одлична платформа за качување по мраз. Сите љубители на природата и планинари ги очекуваме во кањонот. Нашиот кањон е убав во сите годишни времиња, но особено е убав во зима и во пролет. Особено во летните месеци граѓаните кои доаѓаат во градината во нашиот кањон можат да направат пикник таму и да си поминат убаво време.“
- Термален центар
Наведувајќи дека регионот зазема место меѓу најважните кањони во Турција, Балџи рече: „Термалните извори во нашиот округ имаат големо значење. Дијадин го нарекуваме центар на скијање и термални извори. Пуштен е во употреба и ски-центарот изграден од општина Дијадин.
По посетата на термални извори со 2.147 минариња, посетителите можат да скијаат тука. Кањонот е целосно прекриен со снег и тука има прекрасна убавина.“
Октај Будак, еден од граѓаните, рече дека одвреме-навреме доаѓа во кањонот со семејството на пикник.
Зборувајќи дека областа е богата со убавини, Будак рече: „Првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе кажете Дијадин се термалните извори. Во исто време, историскиот антички град Меја и кањонот Мурат на ова место му даваат поинаква убавина. Многу посетители доаѓаат во кањонот за време на викендите во летните месеци. Оние кои доаѓаат на термалните извори застануваат и тука. Местово е многу убаво и ги очекуваме сите.“