Ekrem Senvar
10 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ДИЈАРБАКИР
Природата отсекогаш наоѓала начини за да го воодушеви човекот. Една од таквите глетки е забележана и во Дијарбакир, во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имено, во населбата Ортагач, жителите и посетителите во областа Ергани сведочат на појавата на корења од дрвјата над површината на земјата, до што доведе ерозијата.
Корењата од околу 300 стебла даб над површината на земјата, во областа Ергани, во Дијарбакир, предизвикуваат чудење кај минувачите, кои често ја фотографираат оваа појава.