Sertaç Bulur
05 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките акции организирани во Турција меѓу 29 јануари и 5 февруари, неутрализирани се 15 терористи. Од нив петмина се убиени, седум уапсени, а тројца се предадоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу неутрализираните терористи се терористите на ПКК, Мурат Учер со кодно име Ејлул Ергани, потоа Вели Ташкиран, со кодното име Ботан и Инан Агјол со кодно име Багер Туфан.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во изминатите седум дена биле организирани 1022 антитерористички операции, при што уапсени се 335 лица за пружање помош на терористите на ПКК.
Беа приведени и 27 лица под сомнение за поврзаност со ДЕАШ, односно 518 лица во борбата против терористичката организација ФЕТО. Во акцијата против левичарските терористички организации беа уапсени 35 лица.
Во организирани операции беа приведени 4613 лица од кои 915 поврзани со тероризам, 84 за нелегална миграција и 3614 во борбата против трговијата со дрога.
Исто така, 449 лица се притворени од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари во подрачјето на сирискиот Африн, поради величење на терористичките организации на социјалните мрежи и 124 лица за учество на демонстрации.
Турските безбедносни сили во операциите извршени во Бингол, Битлис, Мардин, Сирт и Тунџели уништија девет скривалишта, засолништа и пештери, како и четири експлозивни направи.
Турските сили запленија 638 килограми материјал користен во производството на експлозив, шест рачни гранати, 13 парчиња оружје и 1675 парчиња муниција.
Во акциите против нарко-мафијата беа запленети 559 килограми марихуана, 503 килограми хероин, 12,5 килограми кокаин и поголема количина други опојни средства.
За време на борбата против илегалната миграција уапсени се 2932 лица, а 84 лица се притворени под обвинение за организирање нелегално преминување на граница.