Fırat Özdemir
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ЕРЗУРУМ (АА) - Турција и за овие новогодишни празници беше популарна дестинација за многу туристи, како домашни така и странски. Јавниот дочек на 2018 година беше организиран ширум земјата, а Истанбул веќе подолги години е една од најпопуларните дестинации за дочекот на Новата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Добрата забава е продолжена и во наредните денови, во кои секој можеше да пронајде нешто за себе. Така, едни се одлучија за капење во топлата Анталија, во која вчера температурата изнесуваше 18 степени, додека други уживаа во скијањето во студениот Ерзурум.
Туристите, но и жителите на Анталија одлучија да уживаат на сонце, на плажата Конјалти. Оние кои се капеа велат дека сонцето, морето и плажата имаат посебна вредност во зима.
За оние кои сметаат дека на зимата најмногу ѝ доликуваат снег и ниски температури, за нив Ерзурум и Паладокен се совршен избор.
Температурата изнесуваше два степени под нулата, при што најмладите, но и постарите уживаа во скијањето, сноубордингот, санкањето или едноставно во музиката и разговорот.
Посетителот Чаглар Јаваш изјави дека скијаат и во други градови, но дека патеките и околината се најдобри во Ерзурум.
„Сите делови на Турција имаат по нешто што ги прави да бидат убави. Ние бираме скијање. Убава е и Анталија. Таму се капат, а ние тука скијаме“, рече Јаваш.