Sibel Uğurlu
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот суд денеска осуди 11 поранешни војници на доживотна затворска казна поради нивна вмешаност во неуспешниот обид за пуч извршен во 2016 година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На вкупно 39 поранешни жандарми им се суди пред 29. Врховен кривичен суд во Истанбул.
Меѓу обвинетите се наоѓа и Ѓурџан Серџан, командантот на провинциската жандармериска команда на Истанбул.
„Единаесет од обвинетите, вклучувајќи го Серџан, добија доживотни затворски казни поради обидот да го соборат уставниот поредок“, изјави судски извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Дваесет и осум осомничени исто така ќе добијат затворски казни под обвиненија за помагање во соборувањето на уставниот поредок и членство во терористичка организација.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција изведен на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа ранети.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок во Турција, преку инфилтрација во државните институции, особено во војската, полицијата и судството.