Gökhan Ergöçün
18 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Популацијата на децата во Турција кон крајот на 2018 година достигна 22,9 милиони (28 отсто од вкупниот број на популација), пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Институт за статистика (ТуркСтат) објави дека децата под возраст од 17 години сочинувале 48,5 отсто од вкупната популација во 1970 година, а 41,8 отсто во 1990 година.
„Според проекциите на населението, предвидено е процентот на детската популација да изнесува 23,3 отсто во 2040, 20,4 отсто во 2060 година и 19 отсто во 2080 година“, се додава во извештајот на ТуркСтат.
Кон крајот на 2018 година, оваа статистика изнесуваше 18,7 отсто во земјите на Европската Унија (ЕУ), додека Ирска беше на врвот на Унијата со 24,8 отсто, по што следуваа Франција и Велика Британија, со 21,2 отсто, односно 21,1 отсто.
„Земјите со најнизок процент на детска популација беа Италија со 16,2 отсто, Германија со 16,4 отсто и Малта со 16,6 отсто“, се истакнува во извештајот.
- 91,5 отсто на нето стапката на опфат во образованието -
Коефициентот на старосната (детска) зависност во Турција, бројот на деца во старосната група 0 - 14 години на 100 жители во однос на старосната група 15 - 64 години, кон крајот на минатата година изнесуваше 34,5 отсто во Турција од крајот на минатата година.
„Се предвидува дека коефициентот на старосна (детска) зависност ќе се намали на 33,5 отсто во 2023, 28,7 отсто во 2050 и 26,7 отсто во 2080 година“, се вели од ТуркСтат.
Нагласувајќи дека нето стапката на опфат во основното образование во текот на минатата година изнесувал 91,5%, Институтот истакна дека нема значајна разлика во бројот на девојчиња и момчиња.
Процентот на законски склучени детски бракови на девојчиња на возраст помеѓу 16 и 17 години во рамките на вкупните законски склучени бракови падна на 3,8 отсто во 2018 година, од 5,8 отсто во 2014 година.
Додека стапката на учество во работната сила во старосната група 15 - 17 години изнесуваше 21,1 отсто во 2018 година, 30 отсто за момчињата и 11,8 отсто за девојчињата.