Nilay Kar
27 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските обвинители издадоа налог за приведување на најмалку осум осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО, поради вмешаност во измама со полициските испити, јавува Anadolu Agency (AA).
Налозите се издадени од Канцеларијата на главниот обвинител во Анкара.
„Лицата се товарат за давање на испитните прашања на полициски офицери поврзани со ФЕТО, пред тековниот испит во 2010 година“, изјавија изворите, кои сакаа да останат анонимни.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251, а беа повредени речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.