Jeyhun Aliyev
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските обвинители издадоа налози за приведување на 32 лица, осомничени за поврзаност со терористичката ФЕТО, организација која стои зад неуспешниот обид за пуч во 2016 година, објавија денес судски извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Налозите се издадени како дел од истрагата за тајната мрежа на терористичката организација во Турските копнени сили“, се вели во соопштението на обвинителите од главниот град Анкара.
Откриено е дека осомничените комуницирале со т.н. „прикриени имами“ - високи припадници на ФЕТО - преку телефонски говорници.
„Седумнаесет од осомничените се активни службеници во Турските вооружени сили“, се вели во соопштението, во коешто се додава дека за останатите се воведени административни мерки.
Меѓу осомничените има и двајца „прикриени имами“ на ФЕТО.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, стојат зад неуспешниот обид за државен удар изведен на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.