Erdoğan Çağatay Zontur
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку шест терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство на Твитер објави дека терористите биле неутрализирани во регионите Зап и Авасин Басјан во операциите поддржани од воздух.
Терористите на ПКК често во северен Ирак планираат терористички напади во Турција.
Воздушните напади беа извршени во услови на турските операции „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ во северен Ирак, започнати минатата недела за да се обезбеди безбедноста на турскиот народ и границите, за неутрализација на заканите од ПКК и другите терористички организации.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.