Handan Kazancı
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Едно лице загина од последиците предизвикани поради обилните врнежи кои го погодија Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја на репортерите во Есенјурт, најпогоденото подрачје во Истанбул, изјави дека од последиците на временските непогоди загинало лице на триесетгодишна возраст со потекло од Сирија.
Јерликаја изјави дека неколку лица се префрлени во локалната болница и дека се чувствуваат добро.
Претходно денес, поплавени се одредени подрачја во Истанбул.
Обилните врнежи го отежнаа и одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците во одредени подрачја, како на азиската, така и на европската страна.
Во подрачјето Чалтаџа се оштетени неколку куќи, а една од нив остана без покрив и ограда. Како последица на временските непогоди соборен е и електричен столб.