Tuba Şahin
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Според новите прописи објавени денес во Службениот весник на Турција, со цел да ги поттикне инвестициите, Турција ги намали ограничувањата за странците за добивање турско државјанство, јавува Anadolu Agency (AA).
Долниот лимит за фиксните капитални инвестиции за стекнување со турско државјанство за странци е намален од 2 милиона долари на 500.000 долари.
Странците кои поседуваат недвижен имот во Турција во вредност од минимум 250.000 долари, наместо претходните 1 милион долари, може да добијат турско државјанство.
Барањето за депозит во турските банки од минимум 3 милиони долари е исто така намален на 500.000 долари.
Регулативата ги опфаќа и странците кои депонираат минимум 3 милиони долари во турските банки. Слични прописи важат и за оние странски инвеститори кои поседуваат државни обврзници во вредност од најмалку 500 илјади долари кои не се диверзифицирани три години.
„Странците кои генерираат работни места за најмалку 50 лица (претходниот услов беше 100 лица), исто така може да се стекнат со турско државјанство“, се вели во Службениот весник на Турција.