Ekip
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (AA) - Во декретот објавен во Службениот весник на Турција, 1.389 воени лица ќе бидат отпуштени од турските вооружени сили (ТСК) поради припадноста, контактот или поврзаноста со терористичката организација ФЕТО, за која е утврдено дека претставува закана за национална безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу исфрлените од ТСК се наоѓаат првиот советник на претседателот на Турција за воени прашања, полковникот Али Јазаџи, аѓутантот Левент Туркан, кој е офицер за врска на началникот на Генералштабот на вооружените сили и шефот на кабинетот на министерот за одбрана на Турција, полковникот Тевфик Ѓок.
Во Службениот весник е објавено дека се затворени сите воени академии, воени средни училишта и виши школи за подофицери, а нив ќе ги замени новоформираниот Универзитет за национална одбрана.
Универзитетот ќе биде во рамките на Министерството за одбрана на Турција и со себе ќе ги обедини сите видови воени школи, кои ќе бидат на ниво на факултети.
Во рамките на Универзитетот за национална одбрана ќе бидат училиштата за копнени, поморски и воздушни сили. Турскиот претседател претходно најави формирање на академија за воена полиција, која ќе произведува сериозен кадар. Командите на воените сили (копнени, морнарици, воздухопловство) се ставени директно под надлежност на министерот за одбрана.
Покрај тоа, претседателот и премиерот на Турција, доколку за тоа има потреба, ќе можат да добиваат информации од командантите на силите (копнени, морнарици, воздухопловство), да им издаваат наредби коишто ќе мораат да ги извршуваат без одобрување од кои било други инстанци.