Hale Türkeş
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турција ја критикуваше претераната употреба на сила врз демонстрантите, кои протестираа против реформите во работните односи, во Франција, повикувајќи ги француските власти да избегнуваат користење на „непропорционална сила”, јавува Anadolu Agency (AA).
„Уште од февруари Франција е центар на улични демонстрации и штрајкови поради реформите за работни односи кои се предмет на дебата во Националното собрание и Сенатот”, изјави денес портпаролот на министерството за надворешпни работи, Тању Билгиќ, додајавќи дека инцидентите се „сè повеќе насилни”.
Билгич ги повика француските власти и демонстрантите да се воздржат со цел смирување на ситуацијата, колку што е можно повеќе.
„Загрижени сме од интервенцијата на француските сили за безбедност, која станува сè посурова, и ги повикувам одговорните лица да избегнуваат користење на непропорционална сила врз демонстрантите”.
„Веруваме дека сите потребни мерки ќе бидат итно преземени од страна на француските власти со цел обезбедување на мирот, а демонстрантите да протестираат на демократски и мирен начин”, додаде тој.
Бран штрајкови во земјата започнаа уште минатата година поради контроверзните реформи за работни односи, кои им даваат поголема слобода на работодавците да ги намалуваат платите и да отпуштаат работници. Тие, исто така, ќе придонесат за слабеење на моќта на синдикатите да преговараат за прашања како што се работното време, кое во Франција во просек изнесува 35 часа неделно.
Исто така, многуте видео-клипови во кои се гледа како полицијата и безбедносните сили користат непропорционална сила врз демонстрантите привлекоа внимание и контроверзност.
Француските власти наредија отстранување на одредени видеа на кои се гледа како полицијата употребува сила врз демонстрантите, под изговор дека преставуваат опасност за безбедносните сили.
Француските медиуми се критикувани на социјалните медиуми дека не прикажуваат видеа за користењето на непропорционална сила од страна на безбедносните сили и поради слабото внимание кое се посветува на протестите.