Necmettin Karaca
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
ВАН
Во подрачјето на Ерџиш во турската област Ван откриени се човечки коски и парчиња од керамички садови за кои се претпоставува дека датираат од железно време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на местото Челебибаги на безбедносните служби пријавија дека откриле човечки коски на брегот на езерото Ван.
На местото на настанот извршено е истражување од страна на археолошки тим од ова подрачје.
Во рамки на истражувањето, откриени се човечки коски, како и парчиња од керамички садови.
Според соопштеното, се претпоставува дека овие откритија датираат од железно време.
Продолжуваат истражувањата во оваа зона.