Nazlı Yüzbaşıoğlu
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската страна го потпиша договорот кој е во насока на нормализирање на односите меѓу Турција и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека подсекретарот на Министерството за надворешни работи на Турција, Феридун Синирлиоглу, денеска во 11.00 часот според локално време зад затворени врати го потпишал договорот, кој е постигнат по преговорите кои двете земји ги воделе во изминатиот период.
Двете страни договорот го потпишале одвоено. Договорот од израелска страна бил потпишан од Генералниот директор на Министерството за надворешни работи на Израел, Дори Голд, во Министерстовто за надворешни работи на Израел.
Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, истакна дека по потпишувањето на договорениот текст од страна на подсекретарот на Министерството за надворешни работи на Турција Синирлиоглу и Генералниот директор на Министерството за надворешни работи на Израел, Голд, започнува периодот на одобрување на содржината од страна на израелскиот Кабинет и турскиот Парламент, по што ќе бидат назначени амбасадори.