Denizhan Güzel
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ИЗМИР (AA) - Во овид на илегално преминување од Турција во Грција екипите на крајбрежната стража фатија 54 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците се фатени на подрачјето на турскиот град Чешме додека во гумен чамец се обидувале да дојдат до некои грчки острови.
Меѓу бегалците кои се обиделе да преминат од Грција на грчкиот остров Хиос се наоѓаат 53 лица од Сирија и едно од Авганистан. Бегалците беа во мокра облека и гладни. Меѓу нив имаше и деца. Во тек е акција против оние кои организираат вакви илегални поминувања на лицата кои бегаат од матичните земји поради судири или лошата економска ситуација.