Murat Kaya
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Уапсени се 9 лица вклучувајќи го и главниот и одговорен уредник на весникот Џумхуријет, Мурат Сабунџу, во рамките на истрагата против уредниците и новинарите на весникот, кои се сомничат дека се поддржувачи на ПКК/КЏК и ФЕТО/ ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Заврши судскиот распит во истанбулското јавно обвинителство на новинарите од весникот Џумхуријет, Мурат Сабунџу, Гурај Текин Оз, Ахмет Кадри Гурсел, Хаџи Муса Карт, Мустафа Кемал Гунгор, Турхан Гунај, Хакан Карасинир, Ондер Челик и Булент Утку.
Судот донесе одлука осомничените да бидат уапсени.
Директорот на сметководството на весникот, Гунсели Озалтај и поранешниот директор на сметководството Булен Јенер, како и новинарите Ајдин Енгин и Хикмет Четинкаја, по судскиот распит беа пуштени на условно, при што им беше дадена забрана за напуштање на државата.
Во рамките на оваа истрага на 31. октомври беа приведени 13 лица.