Şener Toktaş
26 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
БИТЛИС - Најмалку седум мигранти загинаа во бродолом кој се случи рано утринава во езерото Ван, на истокот на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чамецот што превезувал нерегуларни мигранти со потекло од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, се превртел во раните утрински часови, меѓу 2 и 3 часот по локално време, близу селата Ерикбаги и Каршијака на брегот на езерото Ван.
- Спасени 64 лица -
„Според првичните проценки, во несреќата животот го загубија 7 лица, од кои телата на 5 лица се пронајдени на местото на несреќата, а уште 2 лица починаа во болницата во која се префрлени“, се вели во соопштението на гувернерството на Битлис.
Оттаму додаваат дека спасените 64 лица се згрижени, а екипите на АФАД и на турската жандармерија, заедно со полициските нуркачки екипи продолжуваат со активностите за пребарување.
Во тек е административна и судска истрага во врска со случајот.
Турција се наоѓа на главната рута што ја користат мигрантите од Азија и Блискиот Исток. Само минатата година турските безбедносни сили запреа 268.000 непријавени мигранти.