Mehmet Kara
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - По повод четвртата годишнина од 15 јули 2016 година, денот кога припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа да извршат државен удар во Турција, на плоштадот пред Аја Софија во Истанбул претставена е специјална кореографија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на перформансот, 100 лица облечени во црвени маици со бела полумесечина, пред џамијата Аја Софиј изведоа кореографија во текот на која симболично се претставени Мостот на шехидите 15 јули, турското знаме и картата на Турција.
Испратени се и пораки за „Eден народ, едно знаме, една држава", како и дека не треба да се заборави 15 јули и победата на демократијата остварена тој ден.