Havva Kara Aydın
15 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 40 мигранти, меѓу кои и жени и деца, чии чамци од страна на грчките сили биле истуркани во турските територијални води во Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во операцијата за спасување, Турската крајбрежна стража ги спаси мигрантите недалеку брегот на Дикили во турската област Измир.
Мигрантите биле на гумени чамци што Грчката крајбрежна стража ги истуркала назад кон турските територијални води и ги зела канистерите за гориво од чамците на мигрантите, соопштија безбедносни извори.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција оваа година ги отвори своите граници за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги има исполнето своите ветувања според Договорот за мигранти склучен во 2016 година.
Грција се товари за малтретирање и насилно враќање на мигрантите од нејзините граници, со што го крши меѓународното право.
Турција моментално згрижува над 3,7 милиони Сиријци, што ја прави најголемата земја домаќин на бегалци во светот.