Handan Kazancı
10 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
ИСТАНБУЛ/МАЛАТЈА (АА) - Најмалку 12 лица се приведени во антитерористички операции во Турција, поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската полиција приведе 8 осомничени за време на истовремените акции во Истанбул, централната турска област Коња и источната област Ван, изјави изворот, кој побара да не биде именуван.
Осомничените се товарат за грабежи, со цел давање финансиска поддршка на терористичката организација и за спроведување активности за спасување на терористите на ДЕАШ, што ги држи терористичката ПЈД-ЈПГ/ПКК во Сирија.
Еден пиштол и осум куршуми се запленети на адресите на осомничените.
Во меѓувреме, во турската источна област Малатја, четворица осомничени се приведени поради поврзаност со ДЕАШ.
Осомничените се товарат за ширење терористичка пропаганда, регрутирање членови за ДЕАШ и присуство на состаноци на терористичката организација во Истанбул и во областите Малатија, Бурса, Сакарја и Елазиг.
Од вклучувањето во листата на терористички организации во 2013 година, ДЕАШ во Турција изведе многубројни напади, вклучувајќи 10 самоубиствени, 7 бомбашки и 4 вооружени напади, во кои животот го загубија 315 лица, а беа повредени стотици.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во и надвор од земјата, во кои неутрализира 3.500 терористи на ДЕАШ, а уапси 5.500.