Miraç Kaya
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
БАЛИКЕСИР (АА) - Турските безбедносни сили спроведуваат уште една голема акција на приведување на лицата осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, а во текот на денешните рации во 58 области од слобода се лишени 126 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Врз основа на истрагата за активностите на терористичката организација ДЕАШ, Обвинителството во Баликесир утринава издаде налог за приведување на 148 осомничени лица.
Постапувајќи по налозите, припадниците на одделите за антитероризам и разузнавање на жандармеријата покренаа акции за приведување во 58 турски области.
Приведените се товарат за контакти и финансиска поддршка на терористичката организација ДЕАШ и предадени се на правосудните институции на понатамошно процесуирање, а во тек е акцијата на приведување на преостанатите 22 осомничени лица.
За време на рациите се запленети поголеми количини на документи, оружје, пари и други предмети.