Halil Demir
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 17 лица се приведени, од 36 за колку што е распишан налог за приведување, во неколку турски градови, а станува збор за луѓе кои го користеле „ByLock", шифрираниот систем за комуникација меѓу припадниците на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулската полиција претходно издаде наредба за приведување на 36 лица кои користеле „ByLock".
По тој повод денес беше преземена акција за приведување на осомничените, меѓу кои се наоѓаат и полицајци, новинари и академски работници. Досега се уапсени најмалку 17 лица.
Се дознава како акцијата се спроведува во Истанбул, а истовремено и во уште осум турски градови.