Fatih Hafız Mehmet
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 52 мигранти без документи се притворени во Турција во текот на денешниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори кои зборуваа под услов на анонимност соопштија дека жандармериските сили притвориле 25 мигранти во западната област Киркларели.
Мигрантите се со потекло од Авганистан, Пакистан и Сирија. Двајца криумчари се уапсени.
Изворите додаваат дека во источната област Сивас, полициските сили стопирале патнички автобус на рутинска контрола и притвориле уште девет мигранти без документи од Авганистан.
Покрај тоа, од безбедносните извори се дознава дека полициските сили во западната област Ајдин притвориле 18 мигранти без документи од Авганистан, Пакистан и Сирија, кои се обиделе на илегален начин да преминат во Грција.
Едно осомничено лице за криумчарење е задржано во притвор.
Турција претставува главна рута на бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од почетокот на граѓанската војна во Сирија.