Fahri Aksüt
14 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ДОХА (АА) - Турција одлучно ќе продолжи да ги брани своите легитимни права и интереси во Источниот Медитеран, истакна денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу се состана со шефот на либиската Влада на национално единство, признаена од Обединетите нации (ОН), Фајез ал-Сараџ, во главниот град на Катар, Доха.
По средбата, Чавушоглу преку објава на Твитер соопшти дека се разговарало за меморандумот за разбирање меѓу Турција и Либија за поморските граници.