Yalçın Çelen
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
БАРТИН (АА) - Во градот Aмасра, на турскиот брег на Црното Море, пронајдена е статуа за која се претпоставува дека припаѓа на римскиот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Aлај Кеј (60) забележал предмет на брегот. Откако се приближил, сфатил дека станува збор за долен дел од статуа на човек во седечка положба.
За пронаоѓањето е информиран музејот во Aмасра, чии експерти одлучија статуата во висина од еден метар да ја преместат во музејот на анализа.
Директорот на музејот, Баран Ајдин, за АА рече дека првата анализа покажува оти статуата може да припаѓа на римскиот период, но секако дека овој предмет треба да се испита детално.