Erdal Türkoğlu
15 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ХАТАЈ (АА) - Во подрачјето на Алтинозу, во турската област Хатај, фатени се 64 мигранти кои во земјата влегле по илегален пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на граничната единица во текот на патролирањето на подрачјето недалеку од границата со Сирија забележале група луѓе за кои потоа е установено дека потекнуваат од Сирија, а во Турција влегле по илегален пат.
Странците се предадени на припадниците на жандармеријата за понатамошно процесуирање.