Hüseyin Yıldız
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ИГДИР
Езерото Учкаја, што се наоѓа во подножјето на планината Арас во областа Тузлуџа во Игдир, замрзна целосно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со своите овошни дрвја, трски и природна вегетација, езерото во селото Учкаја ги привлекува посетителите во сите временски периоди.
Поради студот што преовладуваше во регионот на Источна Анадолија езерото е целосно покриено со мраз.
Прекрасни пејзажи се формирани во и околу езерото, што се наоѓа на надморска височина од околу 1.500 метри.
Езерото, кое е чудо на природата, зафаќа површина од 11.000 квадратни метри. Езерото и зимските пејзажи се снимени со дрон.