Burak Akay
12 Мај 2020•Ажурирано: 13 Мај 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Група бегалци кои сакале илегално да преминат на островот Лезбос во Грција, испловиле од крајбрежјето во областа Ајваџик, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и четири лица од Авганистан, Конго, Централна Африка и Мали, откако биле идентификувани од страна на Грчката крајбрежна стража, биле истуркани да се вратат назад кон турските територијални води.
По барањето за помош од страна на бегалците, припадниците на Командата на крајбрежната стража на Турција стигнаа на местото и ги спасија бегалците.
Вкупно 24 бегалци, од кои 10 деца, биле донесени во полициската станица на Крајбрежната стража во местото Кучуккују, каде што им биле дадени храна и облека.