Ahmet Gençtürk
27 Февруари 2021•Ажурирај: 28 Февруари 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили спасија 29 мигранти коишто биле претепани од грчките војници, кои им ги одзеле личните работи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
„Во најновиот случај, грчките војници брутално претепале 29 илегални мигранти. Одземени им се парите, телефоните, па дури и чевлите“, се вели во соопштението.
Мигрантите биле насукани на мал остров во близина на реката Марица.
„Од сведочењето на мигрантите се дознава дека грчките власти ги претепале и со сила им ги одзеле личните работи, а потоа со присила се обиделе да ги пратат во Турција“, се наведува во соопштението.
Турција е клучна транзитна рута за барателите на азил, кои планираат да стигнат во Европа, за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војните и судирите.
Во Турција се згрижени 4 милиони бегалци, вклучувајќи и 3,6 милиони Сиријци, што е повеќе од која било друга земја во светот.