Merve Aydoğan
16 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Дваесет воени лица, осомничени за членување во организацијата што стои зад неуспешниот пуч во 2016 година во Турција, се уапсени денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Судски извори, кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека воените лица се уапсени во 23 области низ Турција, а меѓу нив има и активни припадници на војската.
Во тек е акција за апсење и на останатите лица.
Војниците биле дел од група составена од 34 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, за кои обвинителот во Истанбул имаше издадено налог за апсење, меѓу кои 19 се во активна служба, четворица се поранешни ученици во воено училиште и 11 војници отпуштени од служба.
Од 19-те воени лица двајца се полковници, тројца мајори, пет се поручници, пет потпоручници и четворица водници.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.