Sabahattin Sallama
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Бајрамич, во подрачјето на Чанаккале, фатени се 34 мигранти, кои илегално сакале да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Преку дојава, жандармериските екипи на влезот во местото Бајрамич запреле автобус во којшто се наоѓале мигрантите.
При претресот установено е дека мигрантите, од кои 19 бегалци со сириско и 15 со авганистансо потекло, тргнале од Истанбул. Тие имале намера да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
Бегалците, меѓу кои и жени и деца, се препратени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.
Приведен е и возачот на автобусот.