Ömer Süt
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ИЗМИР (АА) - Околу 300 бегалци од Блискиот исток се фатени во туристичкото место Чешме, на брегот на Егејското море, додека се обидувале преку илегални патеви да ја преминат во Грција,а потоа да го продолжат патот кон земјите на Западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашното потонување на бродот во близина на Чешме и пронаоѓањето на три тела, засилени се и полициските контроли во близина на грчкиот брег Чиос (Сакиз) .
Полициските екипи во местото Домузџукур фатија околу 300 бегалци од Иран, Афганистан и Сирија, кои се подготвувале преку илегални патеви да ја поминат Грција.
Меѓу бегалците се наоѓаат и жени и деца, со четири автобуси се префрлени до полициската станица во тоа место.