Hanife Erdinç,Burak Akay
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во турското подрачје Ајвачик фатени се 87 мигранти со потекло од Авганистан, Иран, Пакистан и Ангола, кои се обидувале илегално да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на Крајбрежната стража, за време на патролата, на две милји од копно забележале група мигранти во гумен чамец со кој се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Во акцијата се фатени 36 мигранти со потекло од Авганистан, меѓу кои се наоѓале жени и деца.
Странците се префрлени во просториите на Крајбрежната стража во местото Кучуккују, а укажана им е помош во вид на храна и облека. Потоа мигрантите им се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.
Жандармериските екипи, при претрес на камионет во Асос, фатиле 51 мигрант со потекло од Авганистан, Иран, Пакистан и Ангола.
Приведени се четири лица, меѓу кои и возачот, под обвиненин дека организирале илегални премини на границата.