Mücahithan Avcıoğlu
23 Мај 2025•Ажурирај: 23 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Турција во периодот од јануари до април 2025 година ја посетиле 10,59 милиони странски туристи, покажуваат официјалните податоци објавени денес од Министерството за култура и туризам, јавува Анадолу.
Бројката претставува намалување од 0,6 отсто во споредба со овој период минатата година.
Истанбул, најголем град по број на жители и водечка туристичка дестинација во земјата, привлече 50,4 отсто од сите странски посетители, односно речиси 5,34 милиони туристи во првите четири месеци од годинава.
По него следуваат медитеранскиот туристички град Анталија и северозападниот град Едрене, кој се наоѓа на границата со Бугарија и Грција.
Најмногу странски туристи во наведениот период пристигнале од Германија, која зазема 10,8 отсто од вкупниот број, а потоа следуваат Русија и Иран.
Само во април Турција ја посетиле 3,9 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 8 отсто во однос на овој месец минатата година.