?kipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Дујгу Јенер/Јешим Серт Карааслан -
Турција ќе им помогне на трите палестински момчиња со инвалидитет, кои немаат можност за лекување во Газа, која низа години се наоѓа под блокада на Израел, изјави турскиот министер за здравство Ахмет Демирџан, јавува Anadolu Agency (AA).
При гласањето за фотографија на годината на АА, внимание на министерот Демирџан му привлече фотографијата која ја направи Али Џадала, на која се гледа насмеаниот Махмуд, седумгодишно момче со конгенитална ампутација и една импровизирана лулашка.
Откако ја дозна приказната за Махмуд, но и приказната за неговите двајца браќа, деветгодишниот Сеџуд и деветмесечниот Енес, Демирџан наложи да се стапи во контакт со момчињата.
„Да им помогнеме на овие деца во лекувањето“, рече турскиот министер кој потсети дека Турција изградила болница во Газа, која наскоро би требало да биде отворена.
Според него, можно е и заминување во Газа на турски официјални лица во наредните неколку месеци.
Поради израелската блокада, околу два милиони жители на Појасот Газа се принудени да се потпрат на мрежата од прекугранични тунели за да се дојде до основните намирници, вклучувајќи храна, гориво и лекови.
Турција десет година пружа хуманитарна помош на населението во Палестина.
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) од 2005 година реализираше над 400 проекти во Газа, Кудс (Ерусалим) и Западниот Брег.