Muhammed Boztepe
12 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Во рамките на операцијата „Канџа“ на Турските вооружени сили, што продолжува во областа Хакурк, северен Ирак, уништени се засолништа и магацини за оружје кои ѝ припаѓаат на ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава на Министерството за национална одбрана на Турција, операцијата „Канџа“, што се води против терористичката организација ПКК и која започна на 27 мај, одлучно се спроведува во областа Хакурк, во северен Ирак.
Во рамките на операцијата со воени авиони уништени се засолништа и складишта за оружје кои ѝ припаѓаат на терористичката ПКК.