Турција

Фидан: Туркије и Египет ќе ги зајакнат билатералните и регионалните односи

„Египет и Туркије имаат силна волја да го реализираат целосниот потенцијал на двете земји, како во билатералните односи, така и за регионалните прашања“, рече турскиот министер

Gizem Nisa Çebi  | 06.09.2024 - Обновена : 07.09.2024
Фидан: Туркије и Египет ќе ги зајакнат билатералните и регионалните односи

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес ја истакна силната посветеност на Туркије и Египет за продлабочување на нивните билатерални и регионални односи, јавува Анадолу.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц во Приштина, Фидан ја истакна заемната желба за отклучување на целосниот потенцијал на партнерството меѓу двете земји.

„Египет и Туркије имаат силна волја да го реализираат целосниот потенцијал на двете земји, како во билатералните односи, така и за регионалните прашања“, рече Фидан одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека формализирањето на односите „во посистематска рамка“ може да послужи како модел за регионот.

Изјавите на Фидан доаѓаат по посетата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси на турската престолнина Анкара.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın