Gökhan Ergöçün
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на авиони што ги поседуваат авиопревозниците со седиште во Турција се искачи на 558 во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, бројот на авионите во 2020 година бил 554 додека во 2019 година имало 546 авиони.
Авиопревозникот „Туркиш ерлајнс“ ја има најголемата флота, со 356 авиони, додека „Пегасус“ го следи со 90 авиони.
Авиопревозниците имаат 33 карго авиони, а остатокот од вкупната флота, 525, е за превоз на патници.