Faruk Zorlu
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денес изјави дека отворањето на Големата Џамија Аја Софија (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за молитва за прв пат во 86 години, врти нова страница во историјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Фала му на Бога, големата џамија Аја Софија се отвори. Во исто време во историјата на независноста на Турција“, напиша Чавушоглу на Твитер.
- Дом на богослужба и туристичка дестинација
Аја Софија како црква служеше 916 години, до освојувањето на Истанбул, додека статусот на џамија го имаше од 1453 до 1934 година, година кога го доби статусот на музеј.
Турскиот суд на 10 јули ја понишни одлуката на некогашната Влада на таа земја со која на 24 ноември во 1934 година на Аја Софија и е доделен статус на музеј. Со тој чин на поништување на споменатата одлука, на Аја Софија и е вратен статусот на џамија.
Како една од најпосетените туристички дестинации во градот на Босфор, Аја Софија од 1985 година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Надлежните служби во текот на изминатите денови го уредија просторот внатре, но и на платоата околу Аја Софија.
Турските власти најавија дека ќе продолжат со зачувување на културните и историски вредности на Аја Софија на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за реставрација, конзервација и заштита.
Туристите и понатаму ќе ја посетуваат Аја Софија и тоа бесплатно, а фреските на ѕидовите ќе бидат прекривани со завеси само за време на молитвите во џамијата.