Sibel Morrow
10 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе допатува во официјална посета на Црна Гора, се соопштува од турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За време на посетата ќе бидат детално анализирани сите аспекти на нашите билатерални односи, како и можностите за понатамошно унапредување на соработката меѓу Турција и Црна Гора, и ќе бидат разменети мислења за процесот на пристап кон ЕУ на двете земји кандидати. Ќе се разговара и за регионални и меѓународни прашања“, се вели во соопштението на Министерството.
Турција, која го поддржува членството на Црна Гора во ЕУ и НАТО, беше една од првите земји што ја призна нејзината независност во согласност со важноста што се дава на мирот и стабилноста во регионот.
Турција ја смета Црна Гора за пријателска земја и двете земји имаат добри билатерални односи во однос на трговските и културните врски.
Во блиска соработка со Турција, Црна Гора исто така дејствува во солидарност со регионалните и меѓународните платформи. Посетите и контактите на високо ниво меѓу двете земји продолжуваат интензивно и успешно.