Burak Bir
03 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, најостро го осуди утринскиот напад на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во Идлиб во кој загинаа четворица, а ранети се деветмина турски војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во порака преку Твитер оддаде почест на загинатите турски војници и им посака брзо закрепнување на повредените.
Тој најави жесток одговор на турските сили и порача дека крвта на турските шехиди не е, ниту некогаш ќе биде пролиена залудно.
Министерството за одбрана на Турција утринава соопшти дека најмалку четворица турски војници загинале, а деветмина се ранети во артилериски напад на режимските сили во Идлиб. Во соопштението се наведува дека цел на нападот биле турските сили кои се ангажирани на спречување на судирите во таа деескалациска зона на северозападниот дел на Сиија и дека локациите на нивното движење биле претходно координирани.
Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, најостро го осуди нападот и порача дека одговорните ќе платат висока цена за тоа.
„Турските сили веднаш одговорија на тој удар на договорот за Идлиб“, порача Калин.
Нападот остро го осуди и шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун. Тој наведе дека станува збор за предавнички напад и порача дека одговорните ќе бидат казнети за тоа.