Buket Güven
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Гласноговорникот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Омер ЧЧелик упати критики на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон поради изјавите против Турција, порачувајќи дека наместо да се бави со Турција би требало да ја смени рутата на Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челик преку социјалната мрежа Твитер реагираше на изјавата на Макрон дека „Турција не може да остане неказнета на прекршувањата во водите на Европската унија".
Истакнувајќи дека се работи за панична реторика која се користи против Турција, Челик порача дека секоја тема на која се осврнува Макрон оди во една илегална авантура.
Челик потенцираше дека Макрон повторно стои на погрешно место за да ги поддржи неправедните и незаконските активности на Грците и додаде:
„Грешката која ја направи во Либија ја прави и на источно Средоземје. Рече дека турскиот воен брод го провоцирал францускиот брод, а неговото тврдење пропадна."
Челик потсети дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќе пати му рекол на францускиот претседател за тоа што се случува во Сирија, Либија, Кипар и источното Средоземје.
„Секој пат се покажа дека она што го рече нашиот претседател е вистинито, а она што го говореше Макрон било погрешно. Макрон кој повикува на санкции против Турција најголем е поборник на виновниците кои стојат зад масовните гробници во Либија. Макрон би требало да ја поправи рутата на Франција а не да се бави со Турција", заклучи Челик.