Jeyhun Aliyev
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку четворица терористи на ПКК, кои побегнаа од терористичката организација како резултат на ефективните операции во северен Ирак, се предадоа на турските безбедносни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Еден од терористите се наоѓал во сивата категорија на листата на барани терористи на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Твитер.
Листата на барани е поделена во пет категории - црвена за најбараните терористи, по што следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористите на ПКК во северен Ирак. Според Министерството, оттогаш неутрализирани се над 400 терористи во северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.