Tuba Şahin
29 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
САКАРЈА (АА) - Министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, изјави дека турскиот истражувачки тим на 9 февруари од Истанбул ќе замине на 4. научна експедиција на Антарктикот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На патувањето ќе се придружат научници кои ќе реализираат 15 проекти во неколку области како што се науките за Земјата и водите, биологијата, хемијата, воздушниот простор и социјалните науки“, изјави Варанк.
„Експедицијата ќе се спроведе со неодамна формираниот Совет за научни и технолошки истражувања (ТУБИТАК) на Институтот за поларни истражувања“, истакна тој.
Антарктикот, најстудениот континент на земјата, служи како зона на научно истражување од потпишувањето на договорот од 1959 година.