Yıldız Nevin Gündoğmuş
29 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека таканаречениот мировен план на американскиот претседател, Доналд Трамп, е план за легализирање на израелската окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган даде изјава за новинарите што патуваат со него во авионот за време на враќањето од Сенегал во Турција.
Тој се осврна на таканарачениот мировен план на Трамп.
„Кудс е нешто свето за муслиманите. Неприфатлив е планот да се даде Кудс на Израел“, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека овој таканаречен мировен план ги игнорира правата на Палестинците.
„Тоа е план за игнорирање на правата на Палестинците и за легализирање на израелската окупација“, додаде Ердоган.
Според Ердоган, овој план нема да му служи на мирот.
Ердоган се осврна и на случувањата на Средниот Исток, и рече дека Турција досега на преговарачката маса за Блискиот исток имала одлучувачка улога.
Тој нагласи дека тие како Турција, Русија и Иран треба да го разгледаат процесот од Астана.
„(Сочи и Астана) Во случај Русија да остане верна на овие договори, и ние со верност ќе продолжиме на овој пат. Моментално Русија не е верна“, рече Ердоган.
Турскиот претседател се осврна на епидемијата на коронавирусот, нагласувајќи дека моментално во Турција нема некој проблем во оваа насока, и дека ги преземаат сите мерки.